(ВИДЕО) Спасовски: Ниедна боја не може да ги прикрие криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ најавува некаков нов концепт и тоа со истите луѓе што ја разоруваа, ја пљачкаа нашата земја, истите оние луѓе што беа и лева и десна рака и на Груевски и на Мијалков, кои учествуваа во сите криминални активности и си создадоа богатство“, кажа потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

„Денеска нудат нов концепт, нови бои, нови луѓе а во исто време се борат да заштитат секој еден криминалец, што се изведува пред лицето на правата, тој концепт е осуден на пропаст, рече Спасовски, нагласувајќи дека со ниедна боја не може да се префарба и да се прикрие криминалот и корупцијата што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше 11 години. Со која боја може да се прекријат 11 милијарди евра, украдени од државата, со која фарба можете да ја скриете Белата палата и сиот раскош во неа, ВМРО-ДПМНЕ стана побогата партија дури и од партијата на Меркел, а денеска ќе кажат дека ќе се залагаат за нешто ново и ќе направат нешто во интерес на граѓаните, порача Спасовски.

Тој нагласи дека граѓаните не веруваат во новите концепти, во новите бои, во новите луѓе на Мицкоски, затоа што ги нема и затоа што немаат концепт со кој ќе ги поддржуваат граѓаните без разлика на национална и верска припадност, па и политичка припадност.

„Преку ден на прес ВМРО-ДПМНЕ ги сака сите граѓани, а вечер на протести ги напаѓа сите до еден, Македонци, Албанци, Турци, Роми Власи, Бошњаци, Египќани и секој граѓанин кој живее во нашата земја“, истакна Спасовски.

„Знаат граѓаните дека развојот, дека напредокот на општините, на државата се можни само со СДСМ, знаат дека СДСМ го има најдоброто за нивната општина, порача од граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“