Беќири: Едно oпштество за сите е и инвестиција за напредок и социјален развој

Од:

Платформата и програмата на СДСМ „Едно Општество за сите“ како авангардна платформа на Западниот Балкан не е само решение за многу деструктивни појави во земјата, но истовремено е и инвестиција за напредок и социјален развој, истакна, Хилал Беќири, членка на Извршниот одбор на ОО СДСМ Врапчиште на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

Таа додаде дека национализмот, популизмот, крајната десница, до ден-денес продолжуваат да бидат предизвик за западниот свет и пошироко, а ние во нашата земја, во Северна Македонија, плативме висока цена веќе три децении за овие деструктивни појави на национализам и деструктивен популизам.

Глобалните феномени не треба да се заборават и воопшто не треба да се плашиме од глобално размислување, но овие феномени бараат конкретно локално дејствување, почнувајќи од нашата Општина, истакна Беќир.

Изреката „Mисли глобално, но дејствувај локално“ најдобро го опишува овој настан што се одржува денеска во Гостивар, во пресрет на локалните избори, нагласи Хилал Беќир, додавајќи дека „Најдоброто за нашата општина“, зборува дека треба да се дејствува локално, а платформата на СДСМ е многу напредна во овој поглед, во споредба со сите други политички субјекти.

Конкретната прагматична акција била и продолжува да биде филозофија што го карактеризира СДСМ, и оваа максима е дополнителна мотивација за моето вклучување и за многу други млади луѓе во рамките на СДСМ, порача членката на ИО на ОО СДСМ Врапчиште, Хилал Беќир на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски