Потврден е уште еден случај на индискиот сој коронавирус во земјава

Од:

Потврден е уште еден случај на индискиот сој коронавирусот во земјава, се работи за уште еден наш граѓанин кој е вратен од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласува дека е важно да се вакцинираат граѓаните бидејќи вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт дури и кога се работи за индиската варијанта на вирусот.

Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој, рече Филипче и додаде дека вториот заболен симптимите ги пројавил подоцна од првиот регистриран на 7. јуни. Двајцата биле на работа во Ирак, а со истиот авионски лет се вратиле во земјата.

Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети. Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски