Можен нов бран на короната и силен притисок врз медицинарите веќе на есен во Македонија

Од:

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колпас, тврди министерот за здравство, Венко Филипче, по поплаки од пациенти дека не се закажуваат ургентни случаи за операција бидејќи медицинскиот кадар е на одмор. Според Филипче, целовкупниот програм се одвива нормално. Доктори и сестри користат одмори, бидејќи не се знае каков бран на вирусот може да има во Македонија на есен.

„Во тек сум, тоа не е вистина. Целокупниот програм се одвива нормално. Итните случаи, заедно со малигните, не запреа ниту во вонредната ситуација лани. Точно е дека добар дел од лекарите ги користат старите заостанати годишни одмори. Лекарите и сестрите не беа повеќе од година дена на годишен одмор. Заеднички став и порака е да се користат старите одмори сега до крајот на јуни и во летните месеци. Организацијата е направена за воопшто да не трпи редовното изведување на интервенциите. Фокус ставаме здравствените работници да се одморат, бидејќи не знаеме што не чека на есен. Можно е да имаме нов бран, нов силен притисок, тие луѓе заслужуваат одмор. Но тоа не значи дека програмот за операции – трпи“, рече Филипче.

Министерот посочи дека новата мутација може да биде позаразна од сегашната. Но, смета дека сите вакцини штитат од смртен исход или тешка форма на болеста.

„Нова форма на мутација која може да биде позаразна од сегашните активни е присутна насекаде. Но, што е многу важно, дека буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Епидемиолошките анкети покажаа дека нема потреба од дополнителни мерки“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски