Зачестија шпекулациите дека најстарата ќерка на Силвио Берлускони, може да го наследи како лидер на италијанскиот конзервативен кампус, иако таа повторува дека нема намера да го земе местото на татко и.
Прашањето за наследник на Берлускони се појави на дневен ред откако стана јасно дека тој може да биде принуден да го напушти парламентот, ако највисокиот апелациски суд подоцна гоцинава ја потврди пресудата донесена против него за даночни измами. Берлускони треба да ја обжали и пресудата за седум години затвор, донесена во понеделникот заради платен секс со неполнолетна проститутка и злоупотреба на власта.
„Во светлината на озборувањата, односно околу моето влегување во политиката, можам да го повторам само она кое го кажав неколку пати во минатото – тие тврдења се целосно без основа“, изјави портаролката на Марина Берлускони.
Честириесетишест годишната Марина е најстарото од петте деца на Берлускони од два брака. Таа е претседател на семејниот холдинг Фининвест, која ги контролира медиумската компанија Медиасет, издавачката куќа Мондадори и фудбалскиот клуб Милан. Пред ова негирање, неколку членови на партијата Народ за слобода, говореа во поддршка на идејата за предавање на лидерската позиција од таткото на ќерката.
„Ќе бидам горда да сум член на партијата која таа ќе ја води, едноставно затоа што таа е сериозна, компетентна и храбра жена“, изјави Даниела Сантанке, бивша министерка во кабинетот на Берлускони.