Пратеници ќе му се приклучат на вториот „Скопје Прајд“

Од:

Под мотото „Вон ѕидовите“ на 26 јуни, во Скопје, ќе се одржи втората парада на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, а на парадата ќе ѝ се приклучат и пратениците од Интерпартиската Парламентарна Група за правата на ЛГБТИ лицата, беше соопштено денеска.

– Парадата на гордоста е славење на различноста, слободата, прифаќањето, љубовта. Со учеството на овој мирен протестен марш, испраќаме порака за солидарност и поддршка на сите ЛГБТИ сограѓани во борбата против дискриминација, стигматизација, насилство и говор на омраза кон нив. Маршот е можност ЛГБТИ како една од најмаргинализираните заедници, да добие видливост во општеството и поддршка во надминувањето на проблемите со кои се соочува, стои во соопштението од Собранието.

На парадата свое обраќање ќе има координаторката на Интерпартиската Парламентарна Група за правата на ЛГБТИ лицата, г-ѓа Маја Морачанин.

Би можело да ве интересира

Скопје Прајд 2026 на 20 јуни под слоганот „Сите нека знаат“

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција

ССМ бара платите на пратениците да се врзуваат за минималната плата и да се намалат за 40%

Повредената српска пратеничка се уште е во животна опасност

А1он

Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за работни односи

Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата седница закажани се пет интерпелации

А1он