Претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ-Палма, оцени дека денешната одлука на Европскиот совет да ги отвори преговорите за пристапување на Србија во ЕУ претставува ветер во грб, решавање на најголемиот проблем во државата- привлекување на инвеститори и отворање нови работни места.
-На Србија и е потврдена европска перспектива и тоа е порака до сите они кои што имаат намера да донесат капитал во нашата држава, а до сега не беа сигурни тоа да го направат-истакна тој.
Марковиќ смета дека Србија може до крајот на мандатот на Дачиќ да ги заврши пристапните преговори и да стане полноправен член на ЕУ.
Елена Георгиевска