Десет нови хоспитализирани пациенти во ковид центрите во Скопје и во земјава за 24 часа

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано десет нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија и тоа 26 во Скопје и 64 во ковид центрите во земјава, информира Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17 пациенти.

Вкупно 64 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во болницитево Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопштува Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски