СДСМ: Џабе пребојување, ВМРО-ДПМНЕ е истата деструктивна партија на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ може да се премачкува со сите можни бои, во реалноста, тоа е партија која работи на штета на интересите на граѓаните и државата.

И сто слогани да ископираат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да излезат од режимската матрица и одбраната на криминалот“, соопштува СДСМ.

„Мицкоски не може да понуди ништо ново, се е веќе видено и прочитано од граѓаните.

Граѓаните одамна го прочитаа неискрениот, нечесен и неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа редовно ги казнуваат на избори, затоа и последните анкети покажуваат дека им следува нов пораз на локалните избори.

Се што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е да шират лажни вести, да блокираат и да работат на штета на државните и националните интереси.

Затоа уште долго ќе останат во опозиција и ниедно пребојување нема да им помогне“, велат СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело