ВМРО-ДПМНЕ: Боите кои ја идентификуваат новата стратегија „Македонија за сите луѓе“, се боите на Македонија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која има јасна цел, а таа е напредна Македонија со заштитени национални и државни интереси. Во таа насока е и стратегијата „Македонија за сите луѓе“ која ги обединува сите оние кои ја сакаат својата татковина, кои имаат искрени патриотски чувства, кои имаат волја, капацитет и желба да ја градат Македонија, но првенствено да се спротивстават на мафијата на власт која секој ден ја разградува државата.

Затоа и новиот визуелен идентитет кој ги содржи боите синоним за борба, идеали, трнлив пат, но и успех.

Црвената е за сите оние кои сакаат добробит на Македонија“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Црната е за оние кои жалат за Гоцевите идеали и националните порази кои ги донесе власта на Заев

Жолтата е за оние кои енергично се борат за демократијата и човековите права.

Белата е оние кои веруваат во победа, слобода и подобра иднина.

Сивата е за сите оние кои беа понижени и обесхрабрени од хибридниот режим на Заев, но кои никогаш не потклекнаа.

Аловата е за младите кои имаат потенцијал да го градат просперитетот на Македонија.

Бордото е за оние кои ја бараат правдата за себе и за Македонија.

Портокаловата е за оние кои знаат и сакаат да работат и кои се носители на економскиот живот.

Сите овие бои значат Македонија. Сите овие бои ги обединуваат сите оние кои и покрај разликите ќе се обединат за Македонија Затоа боите прават знак за успех, бидејќи Македонија е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски