Скопските пожарникари покажаа што може да се прави со новата скала од 45 метри

Од:

Град Скопје доби нова противпожарна скала од 45 метри. Станува збор за повеќенаменско возило кое има пумпа за вода со капацитет од 45 илјади литри во минута, а може да се користи и како кран за подигнување на тежина до четири тона.

Противпожарната бригада на Град Скопје, заедно со припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, преку симулација, денеска ја презентираа повеќенаменската скала.

Командантот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски, рече дека ова не е само вложување во подобра опрема, туку и влог во безбедноста на граѓаните.

– Со оваа скала ќе бидеме дополнително во можност да се ставиме на услуга на граѓаните и нивното спасување. Нашата бригада како и единиците на Министерството за внатрешни работи редовно се вклучуваат во националните и регионални акции, а оваа скала ќе ни даде можност најефикасно да ја извршуваме својата работа, потенцираше Симоновски.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош