(ВИДЕО) Митева: Шилегов набавува чешми во вредност од 1.500 евра

Од:

„Шилегов набавува урбана опрема по рекордно висока цена. Клупата во вредност од 500 евра е помало изненадување од јавната набавка на чешми за вода во вредност од 1.500 евра. Градоначалниците на Скопје на чело со Шилегов склучуваат договори за јавни набавки во кои цените на иста урбана опрема, со иста тендерска спецификација варираат од година во година.

Ако го отворите системот за јавни набавки ќе се забележи дека Шилегов во 2019-тата година извршил јавна набавка на чешми за вода чија единечна цена била 69.000 денари, додека во 2020-та и 2021 година чешмата веќе чини 89.000 денари. А, станува збор за идентична чешма, со исти карактеристики како онаа која пред две години била 20.000 денари поевтина“, кажа Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„На Град Скопје му недостигаат многу работи и во економска криза начинот на кој Шилегов ги троши народните пари се доказ за неспособноста и нерационалното располагање со градската каса. Шилегов нема долгорочна стратегијата за одржлив развој во нашиот град. Затоа бројките говорат дека Град Скопје има зголемување на долгот за осум пати повеќе од кога градоначалник е Шилегов. Капиталните инвестиции за Шилегов се мисловна именка, но затоа чешмите во вредност од 1.500 евра се она што го добиваат скопјани.

Драги скопјани, време е Шилегов да замине, а со него да замине и неработењето. На Град Скопје му треба посветеност и работа. Потребно е Социјалдемократскиот сојуз и Шилегов што поскоро да заминат“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски