ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов за 4 години го зголеми долгот на Скопје за 8.5 пати, а не направи ништо, само врши набавки по дупли цени

Од:

„Шилегов за 4 години го зголеми долгот на Скопје за 8.5 пати, а не направи ништо, само врши набавки по дупли цени.

Петре Шилегов за 4 години колку што е градоначалник не направи ништо, тој не успеа ниту да почне еден свој капитален проект, по кој ќе можат идните генерации да се сеќаваат на него. На Шилегов сите ќе се сеќаваат по тоа дека е единствениот градоначалник во Скопје кој не направил ништо.

8.5 пати е зголемен долгот. Градот е задолжен, а никој не знае за што и како се потрошени овие пари“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Во истовреме Шилегов само се расфрла за набавки на ствари и услуги кои ги плаќа двојно и тројно поскапо.

Шилегов само со една набавка, таа на противпожарното возило со скала потроши 900.000 евра повеќе од тоа што троши град Загреб.

Само со една набавка Шилегов им зема 1 милион евра на скопјани.

Иста е постапката и со набавката на клупи со 7 даски за 500 евра.

Шилегов воопшто не размислува како ги троши парите на скопјани. Трошејќи се заборавил, па троши и од парите на идните генерации.

4 години Шилегов, 4 години украден живот. Доста е!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски