Претседателката на косовската Централна изборна комисија одби да се повлече, па Османи ја разреши

Од:

Косовската претседателка Вјоса Османи попладнево ја разреши претседателката на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), Ваљдете Дака, откако порано денеска беше објавено дека побарала оставка од неа.

Во образложението на одлуката на Османи, кое го пренесоа косовските медиуми, се вели дека Дака, иако има одговорност за зачувување на непристрасноста на ЦИК, „со нејзините дејствија, посебно за време на предвремените избори од 14 февруари, ја наруши независноста“ на таа институција.

– Претседателката во многу случаи не успеа да биде независна сила во однос на политичките поларизации, оневозможувајќи го со тоа потребниот баланс во тој орган. Фактички, во некои случаи, однесувањето на претседателката е исто со она на некои претствници на политичките партии во ЦИК. Следствено, претседателката, било со дејствување или со недејствување, придонесе за ескалација на ситуцијата на седниците на тој орган, се вели во одлуката што ја сподели кабинетот на претседателката на државата.

Според Османи, одлуките на Дака „само ја намалија довербата во ЦИК, а беа и во спротивност со Уставот“.

Приштинските медиуми објавија денеска дека Османи побарала од челничката на ЦИК оставка, недолго пред наредните локалните избори во земјата, кои треба да се одржат оваа есен, а за возврат ѝ понудила државно признание.

Неименувани извори информираа дека Дака ја одбила понудата на Османи, решена да го заврши до крај својот втор мандат, и порачала дека ја извршува функцијата во согласност со Уставот и законите на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Османи: Србија не може да биде дел од НАТО

Горан Наумовски

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски