ВИДЕО: Расист се заби со џип во група црни демонстранти, возел 150 километри на час

Од:

Страотен инцидент се случи ноќеска во американскиот град Минеаполис, каде возач со огромна брзина, со теренско возило намерно влета во група демонстранти, кои протестирале против убиство на афроамериканец од страна на полицијата.

Една жена загина, а двајца демонстранти се тешко повредени кога возачот, за кого полицијата во меѓувреме соопшти дека бил поборник на теориите за надмоќ на белата раса, се забил во луѓето со џипот, возејќи околу 150 километри на час. По инцидентот, напаѓачот го запрел автомобилот, од каде го извлекле учесници на протестот, а брзата интервенција на присутните полицајци спречила тој да биде линчуван.

Во Минеаполис во тек се секојдневни протести против полициската бруталност при убиството на афроамериканец по име Винстон Смит, кој според демонстрантите, бил убиен од полицајци и покрај тоа што бил невооружен. Полицијата, од друга страна, тврди дека Смит не само што имал оружје, туку и пукал кон полицајците, пред да биде смртно застрелан.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина