Италијанската полиција приведе 55 осомничени припадници на неаполскиот мафијашки клан Казалези и заплени имот во вредност од околу пола милијарда евра.
Акцијата е спроведена вчера ширум државата, од Модена на север до Неапол на југ.
Полицијата соопшти дека приведените се занимавале со разни облици на коцкање, а осомничени се и поради изнуди, измами, перење пари, закани, и други дела.
Запленет е имот во вредност од 450 милиони евра, вклучувајќи и недвижнини, банкарски сметки и автомобили.
Истражителите наведуваат дека најголем профит приведените имале од илегална дистрибуција на слот машини, спортска и он-лајн кладба.
Кланот Калези се најде во центарот на вниманието од 2006 година по објавување на книгата „Гомора“, на италијанскиот новинар Роберт Савијан , во која се опишани криминалните дела на кланот.
Елена Георгиевска