Македонецот Бобан Илиоски синоќа извојува одлична нокаут победа во првата рунда во кик бокс спектаклот во Белград „Roud to ONE“. Нашиот Илиоски беше подобар од Месуд Селимовиќ во категоријата до 84 килограми во К-1 во во ВАКО про.
Тој по победата вели дека белгарадската публика била презадоволна од неговиот настап и го поддржале што плус му дало желба да биде подобар. Упати благодарност и до својот тренер Дејан Митровски- Урко, со кого работата доведе до успешни резултати.
Задоволство од настапот на Илиоски изразува и неговиот тренер Урко, велејќи дека нашиот кик боксер настапил напаѓачки, недозволувајќи му на противникот да упати ниту еден удар.
Инаку, покрај овој успешен настап, Илиоски е редовен во кик бокс настапите, а околу неговиот потенцијал доволно говори задоволството кое неговиот тренер Митровски го изразува од него, велејќи дека и со секојдневните тренинзи покажува колку му значи успехот во кариерата.