Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе одржи самостојна прес-конференција по самитот со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи „тоа е најсоодветната форма на директна комуникација со слободните медиуми“, изјави денеска претставник на Белата куќа.
Бајден ќе се сретне со Путин на 16 јуни во швајцарска вила од 18 век со поглед на Женевското езеро, кога двајцата лидери ќе треба да разговараат за стратешки важната нуклеарна стабилност и влошените односи меѓу Кремљ и Западот.
-Очекуваме овој состанок да биде искрен и директен, изјави претставник на Белата куќа.
„Самостојна прес-конференција е соодветна форма на јасна комуникација со слободните медиуми за темите што треба да се отворат на состанокот – и во однос на областите за кои можеме да се договориме и за областите на поголема загриженост“, додаде претставникот на Белата куќа.