Отворена канцеларија на премиерот Заев за непосредни средби со граѓаните во Струмица

Од:

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица отвори Канцеларија за непосреден контакт со граѓаните.

Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, оваа Канцеларија претставува уште една алатка за комуникација со граѓаните, место каде што тие ќе можат да ги адресираат своите прашања, проблеми и предлози.

– На едноставен и лесно достапен начин секој граѓанин од Општина Струмица, но и од соседните општини ќе можат да закажат средба со премиерот Заев, а за време на викендите тие средби ќе можат и да се реализираат, се наведува во соопштението.

Поддршка во овој процес граѓаните ќе добиваат од вработените во Канцеларијата, меѓу кои и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која преку најголемиот хуман чин – донација на органите – спаси повеќе човечки животи.

Премиерот Заев денеска оствари и кратка средба со Белчовска, на која разговарале за нејзиниот ангажман во Канцеларијата во Струмица. Премиерот Заев уште еднаш ја повторил огромната благодарност и восхит за одлуката органите на нејзината ќерка да бидат донирани и со тоа да спасат животи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот