СДСМ: Снимката со Жугиќ го потврди вистинското лице на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна партија против ЕУ и НАТО

Од:

„Аудио снимката на која слуша Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ е вистински доказ дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и против НАТО.

Во снимката Жугиќ зборува дека тие, ВМРО-ДПМНЕ, се бореле против Брисел и Вашингтон.

Жугиќ во снимката вели и дека тоа не биле нејзини, туку зборови на Христијан Мицкоски“, велат СДСМ.

„Антизападниот Мицкоски се крие и од сопственото членство, па испраќа емисари како Жугиќ по општинските комитети како да ги пренесат неговите пораки, бидејќи нема образ да каже дека е против ЕУ и НАТО ниту пред своите сопартијци.

Снимките кои протекоа во јавноста, на кои се слуша гласот на Жугиќ, го обелоденија вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е против ЕУ и НАТО, против едно општество за сите, партија која знае само да блокира и да внесува раздор и да прави поделби меѓу граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со ваков деструктивен однос кон граѓаните и државата, со таквата понуда, може само да очекуваат нов, седми пораз од граѓаните.

Граѓаните се против блокади, деструкции, омраза и поделби, граѓаните се за напредок, за развој, за евроатланска интеграција.

Затоа граѓаните редовно ги казнуваат ВМРО-ДПМНЕ на избори, затоа уште долго ќе бидат во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба