ВМРО-ДПМНЕ: Заради Заев и тендерите на Рашковски дизелот ќе поскапи за 4 денари трајно

Од:

„Заради Заев и тендерите на Рашковски дизелот ќе поскапи за 4 денари трајно. Заев со ребалансот на буџетот предлага воведување на нова давачка за дизел горивата од 4 денари. Тоа се 4 нови денари, кои трајно ќе ја зголемат цената на дизелот.

Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Заев ја втурна државата во долгови, а данокот на дизелот има за цел покривање на долговите и дупката во буџетот која ја направи Заев“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Државата тоне во долгови, затоа што парите наместо да се трошат за капитални инвестиции, се трошеа за тендери за набавка на непотребни работи, или со преплаќање на потребни ствари.

Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Рашковски со државни пари си го купувал сопствениот патент, затоа што Ден Дончев трпаше туциња пари во торба, затоа што преку тендери се набавуваа противпожарни возила со скали двојно поскапи од тоа што плаќале државите од регионот.

Народот ќе плаќа за да ги покрие глупостите на власта.

54 милиони евра народни пари секоја година ќе се собираат со новиот данок на Заев на дизелот.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски