Активни 425 случаи во државава, досега вакцинирани 254.154 граѓани

Од:

Бројот на активни случаи во државава изнесува 425 од кои 189 се во Скопје. На инфективните одделенија во државава се лекуваат 109 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 43 се во Скопје.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 20 случаи на Ковид-19 од 2.885 тестирања, две лица починале и 30 пациенти оздравеле.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројот на оздравени пациенти е 149.612, а на починати е 5.470.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Според податоците на веб страницата kovid19vakcinacija.mk , досега во државава се вакцинирале 254.154 граѓани.

– Вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани, објави вчера на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 48 отсто од населението на возраст над 70 години, 42 отсто на возраст над 65 години и 35 отсто од граѓаните над 60 годишна возраст.

– Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, напиша Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски