Русија: Нема евакуација од воената база Тартус

Од:

Министерството за одбрана на Русија денес како неосновани ги отфрли шпекулациите за повлекување на воените лица од нивната база во Сириското пристаниште Тартус.

-Гласините за повлекување од пристаништето Тартус немаат врска со реалноста. Точно е дека во овој момент нема ниту едно воено лице таму, бидејќи сите вработени ги заменија цивилни лица-стои во соопштението на Министерството за одбрана.

Според нив како и претходно Русите работат на пристаништето и никаква евакуација не е на дневен ред.

-Тартус останува и понатаму официјална база и објект за ремонт на руските бродови во Медитеранот, наведе руското министерство.

„Асошиејтед прес“ објави дека Русија го повлече целиот воен персонал од базата и го замени со цивилни лица.

Руското министерство не наведе кога дошло до замена на лицата, колку вработени има таму, ниту која е причината за замена, тврди агенција „Асошиејтед прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца

Украина: Руските трупи извршија 15 воздушни напади во Курск

Песков: Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он