Бројката на пациенти во ковид центрите падна на 109, во Скопје нови двајца хоспитализирани

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирани двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 43 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Двајцата се примени во ковид центарот во ГОБ 8 Септември.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат тројца пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани пет пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четири лица. На инфективното одделение во Тетово има двајца пациенти, во Велес се лекуваат осуммина болни, а во Куманово 14 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано седум пациенти, во Прилеп тројца, во ковид центарот во Гостивар осуммина, а во Струга пет болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти, во Кичево еден и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 109 и има околу
530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски