Жител на рускиот град Сочи денеска убил двајца извршители кои дошле да ја запленат куќата во којашто живеел и да му го исфрлат семејството на улица, јавија локалните медиуми.
Извор од регионалните служби за вонредни ситуации потврди дека двајцата извршители се убиени со истрели од огнено оружје.
Полицијата веднаш го привела убиецот, пишуваат медиумите.
Извршителите дошле да постапат по судско решение, но според полициски извор, човекот чијашто куќа требало да се заплени, веднаш ги пречекал со оган и ги застрелал двајцата службеници, кои во Русија се вработени во судовите.
На напаѓачот му е одреден притвор, пишуваат медиумите.