Се помалку болни во ковид центрите, се повеќе градови немаат или се со едноцифрен број заболени од Ковид-19

Од:

Бројот на новозаболени од вирусот и вчера беше двоцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 28 случаи на заболени од Ковид-19. Пет лица починаа, а оздравеле 23 пациенти. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера биле направени вкупно 2.619 тестирања, а регистрираните нови случаи се од Скопје – 16, Куманово – девет Тетово – двајца, и еден во Прилеп.

Според податоците што ги објави вчера МЗ за претходното деноноќие, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 125.

Во ковид центрите во Скопје немало хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155 469. Бројката на оздравени пациенти е 149 551, а починаа 5 467.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски