Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја повика денеска на основање на меѓународен трибунал, кој, според неа, ќе ги истражи „злосторствата“ извршени за време на „диктатурата“ на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
– Барам да се формира меѓународен суд, кој ќе ги истражи злосторствата на диктатурата на Лукашенко во минатото и во текот на изборите во 2020 година, изјави денеска Тихановскаја во чешкиот Сенат, без да изнесе повеќе детали за својот предлог.
Таа во Прага се сретна со чешкиот претседател Милош Земан и со премиериот Андреј Бабиш.
Тихановскаја напомена дека единствено решение за ситуацијата во Белорусија би било одржување на слободни избори со присуство на меѓународни набљудувачи.