Во 2020 година помалку новороденчиња

Од:

Бројот на живородени деца во 2020 година е намален за 4,1 процент во однос на претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година се родени 19.167 деца од кои 19.031 се живородени, а 136 мртвородени.

Поголем е процентот на родени машки деца (51,5 проценти), а најголем број раѓања се забележани во јули.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,6 проценти имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката во вкупниот број на раѓања изнесува 29,1 година, а кај првите раѓања е 27,5 години.

Лани се родени и 19 деца од мајки на возраст под 15 години.

Родени се и 2.466 вонбрачни деца или 13 проценти од вкупниот број на живородени деца.

Би можело да ве интересира

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година

Ана Ололовска

Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во третото тримесечје од 2021

Ана Ололовска

Природниот прираст негативен – лани 6 724 повеќе умрени од родени

Ана Ололовска

Во Америка лани се родиле најмалку деца во последните 40 години

Жарко Настоски