(ВИДЕО) Костовски: МВР на Спасовски да ги казни сторителите на вчерашниот инцидент и приведување, ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестира

Од:

„МВР на Спасовски вчера приведе член на ВМРО-ДПМНЕ, млад човек кој мирно протестираше и го изразуваше својот револт против продажбата на Македонија, нејзиниот идентитет, јазик и историја од страна на Зоран Заев.

Ова е фрапантна аудио снимка направена од мобилниот телефон на Стефан Калошев кој се наоѓал во неговиот џеб при апсењето. На снимката кој што сега ќе ја пуштиме се слуша како луѓето на Спасовски го малтретираат, тепаат и пцујат додека го приведуваат.

Од ова снимка се слуша гневот и омразата на власта кон народот. Од ова снимка станува јасно дрка апсењето е директна наредба на Зоран Заев и Оливер Спасовски“, изјави Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е хибридниот режим на дело. Очекувам одговорност од Спасовски. Веднаш да има одговорност како од директните сторители така и од него лично.

Ова насилие е плод на предавствата на Заев.

Зоран Заев и Владо Бучковски подолг период наназад тајно преговараат со Бугарија, а на маса е бугарската декларација која значи негација на македонскиот идентитет, јазик и историја.

Двоецот Бучковски и Заев ја продаваат Македонија.

Протестираме и бараме Зоран Заев јавно да го покаже патоказот за кој преговара. Јавноста не смее да биде исклучена.

Припадниците на МВР спротивно на закон го лишија од слобода, а потоа и физички го малтретираа Стефан.

Стефан е нападнат затоа што заедно со сите нас побара Заев да каже за што преговара и да го покаже таканаречениот патоказ за решавање на односите со Бугарија, а кој според нашите информации содржи елементи на национално предавство.

Зоран Заев и Оливер Спасовски, сте ја згрешиле адресата, ВМРО не ви се плаши. Сите ние повторно ќе излеземе на улиците и ќе протестираме секогаш кога во прашање е Македонија и заштита на македонските национални интереси.

Денеска заедно со Стефан ќе поднесеме и претставка до Одделот за внатрешна контрола на МВР за неправилно постапувањето на полицискиот службеник при негово приведување. Поднесуваме пријава за да има траг за процесуирање и санкционирање на таквото однесување.

Воедно бараме извинување од Спасовски кој наместо заштитник на мафијата еднаш да биде заштитник на народот.

Ги знаеме и тие кои дале наредба за ова насилие и полицаецот кој е одговорен. Даваме 24 часа сами да ги кажат.

Воедно, ве повикуваме денеска со почеток од 15 часот на блокади на крстосниците кај Мавровка, Градска болница Наум Охридски и НИП Нова Македонија. Исто така и во 9 градови низ Република Македонија. Излези за Македонија! Доста е!“, кажа Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски