„Денеска во десет часот требаше да започне рочиштето каде што политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ којшто ја го претставувам е еден од обвинетите, она коешто го кажаав во судницата е барањето за престанок на мандатот на судијата поротник, господинот Митко Сандев, од две причини, прво, согласно одлуката на Уставниот суд 162/2006-0 од 2007 година предвидува дека секој судија поротник кој има навршено 60 години му престане мандатот на делување во постапките“, кажа Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Втората работа за која за жал не ми беше дозволено во судницата до крај да ја кажам, а тоа е изземање на овој судија поротник, причината веќе е јасна можевте да видите и на дел од медиумите кои објавија, а тоа дека господинот Митко Сандев е член на тело на политичка партија, така да доведува до тоа дека тој може да делува со одредена пристрасност. Тоа во законот за кривична постапка е предвидено во Член 33 практично е причина за изземање, една од причините е судија поротник кој може да биде иземен од вршење на судска должност покрај причините наведени во ставот 1 од овој член, ако постојат околности кои предизвикуваат сомневање во негова пристрасност.
Ова е повеќе од доволна причина за негова пристрасност, тоа е членувањето во политичката партија која е во коалиција со власта. Она коешто е поважно е ние почитувајќи го овој суд и почитувајќи ги судиите во постапката којашто ја водат бараме почитување на законот, а тоа е да прекине мандатот односно функцијата на господинот Митко Сандев заради навршени 60 години.
За жал сеуште претседател на судот Иван Џолев кој сметаме дека главниот извршител на Зоран Заев во вој суд нема поднесено иницијатива иако господинот Митко Сандев има навршено 60 години, до Републичкиот судски совет за престанок на мандатот и веќе повеќе од јасно е дека се работи за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Ова се две причини коишто се и повеќе од доволни за да господинот Митко Сандев има прекин на својата функција и да биде земенет со нов поротник за да може и понатаму да продолжи судењето за овој предмет.
Ние го почитуваме законот, но истиот вели дека Митко Сандев не може повеќе да биде судија поротник во оваа постапка. Како што реков причините веќе се јасни“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
