(ВИДЕО) Костадинов: Исплашениот Мицкоски доживува дебакл на протестите

Од:

„Христијан Мицкоски вчера доживеа дебакл на своите протести, граѓаните потврдија, не сакаат блокади.

Вчерашните протести на Мицкоски беа со едвај 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ и 14 коли, немаше никој друг. Граѓаните покажаа дека не се за блокади и саботажи, народот одамна не им верува на лагите од белиот дворец.

Фактот што овие издишани протести се случуваат во период кога во тек е дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес покажува дека очигледно Мицкоски чувствува страв од тоа дека државата може да направи исчекор кон ЕУ“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Мицкоски се плаши од можен успех на државата, од реализација на стратешките интереси. Затоа шири лажни вести, измислува непостоечки сценарија, затоа блокира важни процеси во Собранието, затоа организира протести на кои неговите соработници треба да му го чуваат стравот.

Може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да кочат и блокираат, тоа нема да го смени фактот дека се на погрешната страна од интересите на граѓаните и државата.

Додека СДСМ, парламентарното мнозинство, Владата институциите се посветени на забрзана интеграција кон ЕУ, на реформи што го подобруваат животот за сите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени на деструкции, на лажни вести и манипулации.

Тоа е огромна, суштинска разлика што граѓаните ја гледаат и чувствуваат.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се таму каде што се,во длабока опозиција каде долго и ќе останат бидејќи постојано работат на штета на државата и граѓаните.

Граѓаните да бидат спокојни, ние не се помируваме со блокади, не се откажуваме ниту кога ситуацијата е тешка и неизвесна.

Продолжуваме да работиме за граѓаните и за државата, продолжуваме да работиме за подобра иднина за сите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски