Бесими со одговор до Милошоски

Од:

– Прашањето за името е исклучително важно, и на него мора да покажеме посветеност и напредок. Наша обврска е паралелно, напорно да работиме и на сите останати потребни реформи и да ги спроведеме што побрзо и поквалитетно, за пристапниот период да го скратиме што е можно повеќе – објави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на својот фејсбук профил.

fbodgovorbesimi

Тој вели дека процесот на зачленување на Република Македонија во евроатлантските организации е стратешки интерес на државата која ја има поддршката од мнозинството граѓани на Република Македонија.

Бесими предупредува дека по овие прашања не смее да се дозволи да се пасивно, емотивно, или дневно политичко однесување, зашто тие претставуваат стратешки приоритет на сите граѓани на Република Македонија.

– Ние, сите заедно како општество мора да изградиме волја и да вложиме напори за целосно да ја интегрираме нашата држава во ЕУ и НАТО.

– Ние имаме обврска на сите области значајни за овој процес да покажеме напредок, и за тоа институциите и партиите (без разлика дали се владини или опозициски) треба да преземеме одговорност и сопственост над процесот и потребните реформи – вели Бесими.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

А1он