ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши, регистарски таблички и лични карти нема за народот

Од:

„Заев и Спасовски ја уништија државата, народот не може пасоши и лични карти да направи, а нема ни регистарски таблички.

Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши регистарски таблички и лични карти нема за народот, во прашање ли е бизнис интерес?

Веќе подолг период наназад се создава голема гужва пред одделенијата за пасоши и лични карти на МВР, луѓе не можат да дојдат на ред да се сликаат за да изменат некој документ кој е со помината важност. Трпи правниот промет помеѓу граѓаните, трпат економските активности на голем број на луѓе, само затоа што Заев и Спасовски се неспособни“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„МВР нема ни доволен број регистарски таблички, веќе неколку недели граѓаните не можат да дојдат до нови таблици.

Што прави Спасовски и зошто се чека и по месец дена за управните служби на МВР да почнат да функционираат нормално.

Само во Македонија со Спасовски и Заев има пасоши за мафијаши и наркобосови, а нема за народот.

Пасоши имаше за Седат Пекер, Босовите на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, шефот на Италијанската мафија, борци на ИСИС и стотина белосветски криминалци.

Заев и Спасовски ги опремија сите криминалци со македонски патни исправи. Од Македонија имаат направено прибежиште за мафијаши.

4 години Заев и Спасовски, 4 години украден живот. Доста е!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ