Каде е патот до среќата: Датумот на изрекувањето на судбоносното „да“ може да го одреди текот на брачниот живот и да влијае на иднината на брачниот пар, тврдат нумеролозите.
Сите одлуки, кои младите ги донесуваат во врска со нивниот иден, заеднички живот, мошне се важни. Тоа важи и за оние на прв поглед не толку важни детали, кои во голема мера можат да влијаат на квалитетот на животот.
И нивните датуми на раѓање откриваат нешто. Така личностите родени на 3, 12, 21 или 30 се многу страсни и љубопитни. Иако се пожртвувани и верни на семејството, понекогаш сметаат дека неверството и не претставува толкуголемо зло.
Луѓето родени на 1, 10, 19 или 28 во месецот се многу пријатни и способни силно и посветено да сакаат. Тие се склони кон менување на симпатии, но кога ќе најдат постојан партнер, многу се приврзуваат.
Родените на 4, 13, 22 и 31 во месецот одлично си одговараат со родените на 2, 11, 20 и 29, многу се сензибилни и чувствиелни, а менталниот аспект од врската им е поважен од сексот.
Нумеролозите тврдат дека датумот кој младенците го избираат за изрекување на судбоносното „да“ може во голема мера да го одреди нивниот иден брачен живот.
За да го откриете својот нумеролошки број треба да ги соберете бројките од датумот на венчавката. Со тоа ќе добиете едноцифрен број до девет. Доколку сте во брак овој резултат може да ви биде корисен и да ви даде увид во вашиот брачен живот од сосема нов агол.