Приврзаници на Самоопределување ги блокираа сите приоди кон Собранието на Косово оневозможувајќи влез во зградата на пратениците кои денеска треба да разгледаат нацрт-закон за ратификација на Договорот за нормализација на односите Приштина Белград.
Косовскиот премиер Хашим Тачи на вчерашниот состанок со Владата изнесе убедување дека сите пратеници ќе го усвојат Законот за ратификација на Договорот.
Лидерот на Самоопределување Аљбин Курти изјави дека Тачи заедно со ДПК инсистира по секоја цена да се ратификува документот за да ја подели одговорноста со останатите партии.