Нашата позиција е иста, чекаме конструктивен одговор од Скопје, велат Бугарите

Од:

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев во однос на европската интеграција на Северна Македонија, изјави дека позицијата на Бугарија е јасна, доследна и предвидлива и таа не е променета.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија се раководи од Рамковната позиција и Декларацијата на Народното собрание од октомври 2019 година и оти 85 отсто од граѓаните ја поддржуваат таа позиција.

-Бугарија секогаш покажувала волја за конструктивен и прагматичен дијалог со Скопје. Ќе продолжиме да работиме на обновувањето на довербата, рече тој.

Бугарскиот министер додаде дека очекуваат правни гаранции за почитување на Договорот од 2017 и конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение на прашањето.

Стоев додаде и дека Бугарија отсекогаш ја поддржувала европската перспектива на земјите од Западен Балкан и како земја од регионот разбира дека патот кон ЕУ е најсилниот фактот за демократија.

Би можело да ве интересира

Уставните измени треба да се спроведат, се надевам на конструктивност од соседите, порача евроамбасадорот Рокас

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка