Репрезентацијата на бездомници на Босна и Херцеговина вчера стана вицепрвак на Европа во мал фудбал. Во финалниот натпревар на Европското првенство бездомниците во мал фудбал, одигран на плоштадот Гете, во Минхен, беа поразени од Романија со резултат 1:3.
Екипата на селекторот Елмедин Шкребе на патот до финалето славеше против Германија, Австрија, Белгија, Полска и Унгарија. Во полуфиналето БиХ триумфираше против Унгарија со 6:4.
Селекцијата на бездомници на БиХ со тоа го продолжи континуитетот на одлични резултати на големите натпревари. На минатогодишното Светско првенство во Мексико државниот тим на бездомниците на БиХ беше шести.