ОЈО Скопје бара парични казни за три лица кои го прекршиле полицискиот час

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно ибвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица, за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на COVID-19, се вели во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност. ​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски