Од полноќ до 04.00 часот утрово констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 113 прекршоци, соопштува МВР.