Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има 2 хоспитализирани пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има 2 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациенти и еден нови заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти, известува Министерство за здравство.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 17 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 пациенти.

Вкупно 51 пациент потврден и сомнителн за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопштува Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски