Полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, предлага Филипче

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб му предложил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни на територија на цела држава.

-Филипче образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови, соопшти Министерството за здравство.

Епидемиолошката состојба во државата, потенцираат од МЗ, е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид – центрите на територија на цела држава.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа, нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски