Во Кичево кандидатот на ДУИ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Дали соработката на владино ниво меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе се прошири и на локално ниво?

И од двете партии не откриваат детали, велат рано е за вакви разговори. Порталот Скај објави информација дека вториот ешалон на ДУИ разговарал со ВМРО-ДПМНЕ.

Порталот пишува дека „ДУИ отворено побарале поддршка за Струга, Кичево, Чаир, Гостивар и Тетово, а пак ВМРО ДПМНЕ побарале подршка во Битола, Ресен, Охрид, Центар, Куманово, Штип и Велес“.

Работните групи, наводно, се договориле до 20 август да соопштат кои им се кандидатите во наброените општини и да ги разменат листите.

Информираат и дека ДУИ побарале од министерот за информатичко општество и администрација 250 нови постојани вработувања како услов за кандидатот во Битола и Ресен, од министерот за здравство е побарано да потпише 40 специјализации, а во МВР да се вработат 400 полицајци од албанска националност, и да се почитува Рамковниот договор.

За ДУИ е од особена важност да го добијат Кичево, бидејќи од овие избори стапуваат во сила новините во територијалната поделба, со што кандидат Албанец реално добива шанси да биде градоначалник. За ДУИ е престиж да докаже дека се суверени во оваа општина.

Она што ги компликува односите во коалицијата се проблемите кои настанаа на релација семејство на Антонио Милошоски- градоначалник на Пласница.

Тешки ќе бидат разговорите и за Скопје и Струга.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија