ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски влијаеше врз обвинети како да се однесуваат и да ги манипулираат обвинителите, која е гаранцијата дека нема повторно

Од:

„Драги Рашковски влијаеше врз обвинети како да се однесуваат и да ги манипулираат обвинителите, која е гаранцијата дека нема повторно?

Рашковски праќаше пораки до обвинетите кога комуницираат со него да пишуваат со стручна терминологија за да не ги разберат обвинителите“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“. Ова е пораката која Драги Рашковски ја испратил до газдата на Инвока, фирма од која тој како Генерален секретар од страна на Генералниот секретаријат на владата го набавил софтверот кој сам го патентирал. После оваа порака на Драги Рашковски му е преиначен куќниот притвор во затворски. Оваа порака индицира дека Рашковски и газдата на Инвока имаат нешто да сокријат од ЈО.

Која е гаранцијата дека Рашковски кој вршел влијание врз обвинети и сведоци, нема да го стори истото повторно?

Како ЈО се уверило дека Рашковски нема да влијае врз постапката, сведоците, и доказите?

Рашковски е под сомнение дека извршил набавки и на неколку други софтвери каде има сомнеж за корупција.

Рашковски е фатен со рацете во медот. 4 години Рашковски и Заев прават криминал и корупција, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ