Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ вечер ќе гостува патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани со комедијата од Молиер „Жорж Данден“, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Преку ликот на Жорж Данден, младиот режисер ја испраќа пораката за животот, но и дилемата за подготвеноста за прифаќање на промените.
– Пораката е токму тоа, да се чуваат сите луѓе од оние кои прават маски и кои пробуваат да ја цицаат крвта од нивните џебови, информира Ризески.
Животот, додава тој, секогаш продолжува, што и да се случи и покрај тоа што семејството повеќе не може да се сочува.
Театарската дејност е составен дел од културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, обединета во рамките на патувачкиот театар „Поклони се и падни“.