Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има двајца хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 50 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 123 и има околу 420 празни болнички кревети.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациенти и еден нови заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27
пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има пет пациенти, во Велес се лекуваат 10 болни, а во Куманово 13 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано седум пациенти, во Прилеп четворица, во ковид центарот во Гостивар има три пациенти, а во Струга петмина болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се четири пациенти, во Кичево двајца и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани.