Државите од Западен Балкан да влезат во ЕУ бара претседателот на Европскиот парламент

Од:

Шефот на Европскиот парламент, Давид Сасоли побара да им се дозволи на земјите од Западен Балкан влез во Европската Унија нарекувајќи го проширувањето „позитивен проекти за мир и просперитет“.

„Проширувањето може да биде од огромна корист за регионот, но и за Европа во целина. Ова би помогнало да се обезбеди стабилем просперитетен и мирен континент“ – вели Сасоли.

Темпото на проширување вели тој секако ќе зависи од исполнувањето на критериумите.

„Во секоја од овие земји треба да бидат направени реформи. Европската унија исто така треба да ги одржи ветувањата и да го препознае напредокот“ – вели претседателот на ЕУ парламентот.

Покрај нашата земја во регионот на Западен Балкан се и Србија, Црна гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Статусот на Македонија, заедно со Албанија останува официјален кандидат, Србија и Црна Гора се во преговори за пристапување кон Унијата додека Босна и Косово се водат како потенцијални кандидати.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ