Нови тројца хоспитализирани во Скопје, во ковид центрите во земјава се лекуваат 134 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има три хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 134 и има околу
515 празни болнички кревети.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало примени пациенти, и 3 нови заболени се хоспитслизирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28
пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 15 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 6, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 8 пациенти, во Кичево 4 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализиранi лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски