Од Министерството за здравство пак, вчера информираа дека во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 38 и седум лица се починати. Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка дијагностицирани лица со Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата е 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид-центрите. Од нив 57 се лекуваат во болниците во Скопје, а 83 во останатите градови.
Според вчера објавените податоци бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 438 879 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 243 832 граѓани.