Расмусен: Грузија е се поблиску до членството во НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на денешната заедничка прес-конференција со грузискиот премиер Биѕина Иванишвили во Тбилиси истакна дека Грузија е се поблиску до полноправно членство во Алијансата.

Тоа е прва посета на Расмусен на Грузија откако коалицијата Грузиски сон на милијардерот Иванишвили во октомври 2012 година победи на изборите.

Приоритет на надворешната политика на Иванишвили е нормализација на односите со Русија, со која Грузија беше во војна во 2008 година, но тој исто така е и заговорник на прозападната политика на претседателот Михаил Сакашвили.
Москва е против грузиската кандидатура за НАТО, во што гледа обид на Западот да ја загрози нејзината традицонална сфера на влијание.

Грузија има околу 1.550 војници во Авганистан во ИСАФ, што е најголем учесник во мисијата меѓу земјите кои не се членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море