Хаос во тајванскиот парламент. Пратениците се кубеа, си истураа вода и се тепаа. Во пресметката, освен пратениците учествуваа и припадничките на понежниот пол.
Тепачката ја започна опозицијата која беше револтирана од односот на владејачката партија КМТ која не ја почитувала процедурата.
Опозицијата побарала разгледување на секој расход поединечно и расправа за данокот на добивка.
Препирањата не се новост за тајванскиот остро поделен парламент.
И претходно пратениците се гаѓале со ужинки и со микрофони.